Прелиминарните податоци на Институтот Гамалеја укажуваат дека ефикасноста на вакцината Спутник во комбинација со бустер дозата Спутник лајт е поголема од 80 отсто

Руската вакцина Спутник V дава силна заштита против сериозни симптоми и хоспитализација од варијантата омикрон, објави денеска рускиот инвестициски фонд, повикувајќи се на прелиминарни истражувања на производителот на вакцината.
Користењето на руската вакцина Спутник Лајт како бустер доза помага при развивање на посилен одговор на антитела на варијантата омикрон, стои во истражувањето на Институтот Гамалеја.
Руско истражување: Ефикасноста во комбинација со бустер може да се искачи над 80 отсто
Прелиминарните податоци на Институтот Гамалеја укажуваат дека ефикасноста на вакцината Спутник во комбинација со бустер дозата Спутник лајт е поголема од 80 отсто, кога станува збор за заштита против сојот омикрон.
Рускиот инвестициски фонд објави дека прелиминарно лабораториско истражување укажало дека Спутник покажува „висока активност во неутрализација на вирусот“ против омикрон.

Руското министерство за здравство ја препорачува Спутник лајт како бустер доза шест месеци по вакцинирањето со Спутник V.
Руската вакцина не ја одобрија ниту СЗО ниту ЕМА, велат дека документацијата е нецелосна
„Навистина постојат одредени информации кои допрва треба да бидат предадени за сертифицирање. Тоа се уште не смо го направиле бидејќи поинаку сфативме кои информации се во прашање и начинот на кој треба да ги предадеме“,
изјави портпаролот на Кремљ Димитриј Песков за агенцијата „Интерфакс“.
Ова признание е необично бидејќи Русија досега тврдеше дека Спутник досега не е одобрен поради политички причини.