Русија стигна на третото место по бројот на заболени лица со ковид-19, веднаш по САД и Шпанија. Веќе една недела во земјата во текот на 24 часа се регистрираат над 10 илјади заболени. Во изминатото деноноќие беа регистрирани вкупно 11 656 новозаболени со ковид-19.
Во моментов Русија има 221 334 дијагностицирани со коронавирусот и бележи смртност од 2 009 лица. Во земјата оздравени се 39.800 пациенти.
Најголемото жариште на ковид-19 во Русија е во главниот град, Москва, каде што во последните 24 часа имаше над 6 илјади новозаболени.