Во текот на изминатите 24 часа, руската армија изврши воздушни и артилериски напади врз енергетски објекти, воени аеродроми и области каде што има концентрација на жива сила, се вели во соопштението на Министерството за одбрана во Москва
Русија денеска соопшти дека ги нападнала украинските енергетски објекти кои му помагаат на воено-индустрискиот комплекс на Киев.
Во текот на изминатите 24 часа, руската армија изврши воздушни и артилериски напади врз енергетски објекти, воени аеродроми и области каде што има концентрација на жива сила, се вели во соопштението на Министерството за одбрана во Москва.
Министерството наведува дека биле нападнати вкупно 146 региони во Украина и дека синоќа бил соборен украински борбен авион „су-27“, биле пресретнати 97 беспилотни летала и шест американски ракети ХИМАРС.
