Рускиот претседател Владимир Путин, по телефонскиот разговор со својот американски колега Доналд Трамп претходно овој месец, изјави дека Москва е подготвена да соработува со Украина на меморандум за иден мировен договор

Русија продолжува да работи на нацрт-меморандум за принципи за евентуален мировен договор за прекин на војната во Украина, објави денеска руското Министерство за надворешни работи.
Рускиот претседател Владимир Путин, по телефонскиот разговор со својот американски колега Доналд Трамп претходно овој месец, изјави дека Москва е подготвена да соработува со Украина на меморандум за иден мировен договор.
Путин рече дека меморандумот ќе ги дефинира принципите на можно решение, временската рамка на потенцијален мировен договор и деталите за евентуално прекин на огнот.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова изјави дека работата на рускиот нацрт сè уште е во тек и дека документот ќе ѝ биде предаден на Украина кога ќе биде готов.
„Русија продолжува да го развива нацрт-меморандумот за иден мировен договор кој дефинира голем број позиции, како што се принципите на спогодба, временската рамка на евентуален мировен договор и можно примирје на одредено време доколку се постигне соодветен договор“,
рече таа.