За руското МНР неприфатливи се и испораките на оружје за Украина, како и конфронтацијата на Финска со Русија, при што се наведува дека протерувањето на финските дипломати е одговор на Москва на овие активности на Финска
Русија прогласи двајца дипломати од Амбасадата на Финска во Москва за персона нон грата, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Финскиот амбасадор во Москва денеска бил повикан во руското Министерство за надворешни работи, каде што му е врачена протестна нота поради протерувањето двајца службеници вработени во руската амбасада во Хелсинки.
За руското МНР неприфатливи се и испораките на оружје за Украина, како и конфронтацијата на Финска со Русија.
Се наведува дека протерувањето на финските дипломати е одговор на Москва на тие активности во Финска.
Финскиот парламент се очекува денеска да гласа за влез на земјата во НАТО-алијансата, нешто што исто така не им одговара на Русија.
