Освен десетте романски дипломати за кои Русија објави дека ги протерала од својата територија, руското Министерство за надворешни работи во посебно соопштение истакна дека е протеран и член на бугарската амбасада во земјата
Десет романски дипломати денеска се протерани од Русија, како одговор на сличните протерувања од Букурешт, објави руското Министерство за надворешни работи, а јави Ројтерс.
Министерството за надворешни работи на Москва додаде дека ги отфрла романските обиди да ја обвини Русија за наводните воени злосторства во Украина.
Во одвоено соопштение, Министерството соопшти дека е протеран и член на бугарската амбасада во Русија.
Овие потези се дел од серијата на дипломатски протерувања од страна на Русија откако повеќе од 300 нејзини дипломати беа протерани од европските престолнини по започнувањето на руската воена инвазија врз соседна Украина.