Протерувањето на француските дипломати од Русија е реципрочна мерка од земјата откако од Франција беа протерани 35 руски дипломати како дел од заедничката европска акција на протерувања во која повеќе од 300 Руси од европските престолнини беа испратени дома
Вкупно 34 вработени во француските дипломатски претставништва во Русија ќе бидат протерани од земјата, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи, јави Ројтерс.
„Триесет и четворица вработени во француските дипломатски претставништва во Русија се прогласени за персона нон грата. Тие имаат рок од две недели да ја напуштат земјата“,
се наведува во соопштението од руското МНР.
Протерувањето на француските дипломати од Русија е реципрочна мерка од земјата откако од Франција беа протерани 35 руски дипломати како дел од заедничката европска акција на протерувања во која повеќе од 300 Руси од европските престолнини беа испратени дома.