Во нападот, како што соопшти Министерството за одбрана на Русија, руските единици за воздушна одбрана уништиле вкупно 27 украински беспилотни летала во период од три часа, вклучувајќи три над Московскиот Регион
Украина започна серија напади со беспилотни летала насочени кон Москва, делови од западна Русија и анектираниот полуостров Крим – соопштија руските власти.

Во нападот, како што соопшти Министерството за одбрана на Русија, руските единици за воздушна одбрана уништиле вкупно 27 украински беспилотни летала во период од три часа, вклучувајќи три над Московскиот Регион.
Гувернерот на Московскиот Регион, Андреј Воробјов, објави дека како резултат на нападот повредено е едно лице, но засега не се објавени извештаи за останата предизвикана штета од нападите.
Информацијата за нападот уследи еден ден отккао Русија ја обвини Украина дека се обидела да ја нападне резиденцијата на претседателот Владимир Путин во регионот Новгород. Киев ги отфрли таквите обвинувања како неосновани и насочени кон попречување на мировните преговори во војната.
