Руските власти воведоа слична забрана за патување на стотици британски членови на парламентот, како и на функционери и јавни личности од ЕУ и САД
Премиерот на Канада, Џастин Трудо, има забрана за влез во Русија. Тој се најде на списокот од 592 канадски државјани за кои денеска руското Министерство за надворешни работи (МНР) соопшти дека им забранува влез на своја територија.
Покрај премиерот Трудо, на списокот се и вицепремиерката Кристија Фриланд, министерката за одбрана Анита Ананд, директорот за комуникации на премиерскиот кабинет Камерон Ахмад и други функционери, пратеници, јавни личности и новинари.
„Нагласуваме дека руската страна ги воведува овие санкции исклучиво како присилна реакција на непријателските дејствија на канадското раководство“,
пишува во соопштението на руското МНР.
Русија воведе слична забрана за патување на стотици британски членови на парламентот и Владата, како и на функционери и јавни личности од ЕУ и САД.
Photo: EPA-EFE/ROBERT PERRY
*Поврзани вести:
Русија му забрани влез на британскиот премиер Борис Џонсон
Русија им го забрани влезот на Марк Закерберг и Камала Харис