Руското Министерство за одбрана соопшти дека во следниот период од Авганистан ќе евакуира повеќе од 500 свои граѓани, како и граѓани на соседните земји, како Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан и Украина
Русија организира евакуација на повеќе од 500 луѓе од Авганистан, потврди денеска Министерството за одбрана.
Според планот за евакуација на руската армија, четири транспортни авиони треба да превезат над 500 руски државјани и државјани на земјите на Организацијата за договор за колективна безбедност, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан, како и Украина, пренесува агенцијата ТАСС.
„Четири авиони за таа цел се стационирани и чекаат дополнителни упатства во Улјановск, а секој авион е опремен со медицински персонал и материјали за да ја обезбеди потребната медицинска помош за време на летот“,
се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.
