Алсу Курмашева, уредничка на Радио Слободна Европа/Радио Слобода (РСЕ), американска и руска државјанка, отпатувала во Русија на 20 мај поради итна семејна ситуација, јавува Ројтерс. Кога се обидела да ја напушти државата, била приведена и ѝ биле одземени пасошите. Таа е казнета затоа што не го регистрирала американскиот пасош

Русија ја приведе уредничката на Радио Слободна Европа/Радио Слобода затоа што не се регистрирала како странски агент додека ја посетувала Русија поради семеен итен случај, објави медиумот финансиран од САД. Русија ја зајакна контролата врз медиумите од почетокот на инвазијата на Украина, принудувајќи голем број медиумски куќи да затворат и прогласувајќи голем број новинари и публикации за „странски агенти“.
Откако дописникот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, беше уапсен во март, обвинет за шпионажа, речиси сите американски новинари ја напуштија Русија. Стејт департментот ги повикува сите американски граѓани да ја напуштат земјата.
Алсу Курмашева, уредничка на Радио Слободна Европа/Радио Слобода (РСЕ), американска и руска државјанка, отпатувала во Русија на 20 мај поради итна семејна ситуација, јавува Ројтерс. Кога се обидела да ја напушти државата, била приведена и ѝ биле одземени пасошите. Таа е казнета затоа што не го регистрирала американскиот пасош.
„Таа не се регистрира како странски агент“
На 18 октомври, руските власти објавија дека Курмашева, која работи од Прага, е обвинета затоа што не се регистрирала како „странски агент“, објави РСЕ. Тој назив, со конотации од времето на Студената војна, се користи во Русија за означување на организации, новинари, активисти, поп-ѕвезди и писатели за кои се верува дека се политички ангажирани со странска помош.
„Алсу е многу почитувана колешка, посветена сопруга и мајка на две деца. Таа мора да биде ослободена за да може веднаш да се врати кај своето семејство“,
изјави претседателот на нејзиниот медиум, Џефри Гедмин.
Руската новинска агенција Татар-Информ тврди дека Курмашева собирала информации за руската воена активност. Таа се соочува со затворска казна до пет години.
Комитетот за заштита на новинарите ги нарече обвинувањата против Курмашева „лажни“ и ги повика руските власти веднаш да ја ослободат.
„Комитетот за заштита на новинарите (КЗН) е длабоко загрижен поради приведувањето на американско-руската новинарка Алса Курмашева поради лажни кривични пријави и ги повикува руските власти веднаш да ја ослободат и да ги отфрлат сите обвиненија против неа“, рече Гулноза Саид, програмски координатор на КЗН за Европа и Централна Азија.