Шефот на градската воена управа на Киев, Серхи Попко, објави дека десетина беспилотни летала биле соборени над градот за време на нападот кој траел околу четири часа
Со два брана беспилотни летала, Русија ноќеска го нападна главниот град на Украина, што е 15-иот воздушен напад врз Киев овој месец, соопштија тамошните власти.

Шефот на градската воена управа на Киев, Серхи Попко, објави дека десетина беспилотни летала биле соборени над градот за време на нападот, кој траел околу четири часа. Засега нема извештаи за штети или повредени.
„Украинската противвоздушна одбрана уништи 36 од 63 беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта над различни делови на Украина. Повеќето од нив биле соборени над регионите на Киев и јужна Одеса додека други 16 се ‘локално изгубени’“,
соопшти воздухопловството на Киев.
Генералштабот на вооружените сили на Украина претходно соопшти дека од почетокот на денот на фронтот се случиле 164 борбени судири, од кои најголем број од нив се воделе во областите Покровск и Харков.
