Хил на својот Телеграм канал изјави дека Лавров нагласил оти Москва ќе ѝ пружи на Венецуела сеопфатна соработка и поддршка во спротивставувањето на блокадата, како и целосна поддршка за активностите што се спроведуваат во рамките на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН)
Министрите за надворешни работи на Русија и Венецуела, Сергеј Лавров и Иван Хил, разговараа по телефон, а во таа прилика руската страна ја потврди својата подготвеност да му пружи поддршка на Каракас во спротивставувањето на американската блокада.

Хил на својот Телеграм канал изјави дека Лавров нагласил оти Москва ќе ѝ пружи на Венецуела сеопфатна соработка и поддршка во спротивставувањето на блокадата, како и целосна поддршка за активностите што се спроведуваат во рамките на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН).
Според него, за време на разговорот била разгледана и ситуацијата во Карипскиот регион, вклучувајќи, како што изјавил, агресивните потези на Соединетите Американски Држави и грубите кршења на меѓународното право, како што се нападите врз бродови, вонсудските убиства и „акти на пиратство“, за кои Каракас смета дека е одговорен Вашингтон.
Хил додаде дека Лавров ја истакнал недозволивоста на ваквите дејствија, изразил силна солидарност со венецуелскиот народ и потврдил дека Русија ја поддржува земјата во заштитата на регионалниот мир и принципите на меѓународното право.
САД го оправдуваат своето воено присуство во Карипскиот регион со борба против трговијата со дрога.
Во текот на септември и октомври, американските вооружени сили постојано уништуваа бродови покрај брегот на Венецуела, за кои се вели дека превезувале дрога.
