Русија утринава изврши голем напад со дрон и ракетен напад врз Украина, пред сè на цели во Источна и во Јужна Украина
Украинскиот премиер Денис Шмихал објави дека руските сили денеска лансирале повеќе од 50 проектили кон Украина, од кои повеќето биле соборени.
„Русија не може да прифати порази и затоа продолжува да го тероризира населението на Украина. Денес видовме нов обид за уништување на украинскиот енергетски систем, чија цел е да се лишат Украинците од светлина, топлина и вода“,
објави Шмихал.
Русија утринава изврши голем напад со дрон и ракетен напад врз Украина, пред сè на цели во Источна и во Јужна Украина. Украинската војска објави дека руските сили се фокусирани на индустрискиот исток на Украина, првенствено на регионите Луганск и Донецк.
Сепак, повеќе проектили биле насочени и кон главниот град Киев, над кој, според градоначалникот Виталиј Кличко, биле соборени 10 проектили. Зафатена е и критичната инфраструктура во Харков, вториот по големина град во Украина во североисточниот дел на земјата.