Американската амбасада тврди дека од висок функционер било побарано да ја напушти Русија. Засега не е позната причината за ваквата одлука, но руските медиуми како РИА и ТАСС наведуваат дека Америка размислува за реципрочни мерки
Протерувањето на Горман дојде еден месец откако Вашингтон им нареди на руските дипломати вработени во руската амбасада во САД да ја напуштат земјата
Русија го протера заменик-амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Барт Горман, соопшти денеска американската амбасада во Москва.
Вашингтон смета дека потегот е неоправдан, бидејќи функционерот имал тригодишна виза, а неговиот престој во Русија не бил подолг од три години, соопшти амбасадата и нагласи дека САД ќе одговорат на протерувањето на Горман, пренесува Раша тудеј.
Американската амбасада тврди дека од висок функционер било побарано да ја напушти Русија. Засега не е позната причината за ваквата одлука, но руските медиуми како РИА и ТАСС наведуваат дека Америка размислува за реципрочни мерки.
Горман е американски дипломат чија специјалност е безбедноста. Тој претходно служел како заменик-помошник секретар и помошник директор за истрага и анализа на закани (ТИА) во Бирото за дипломатска безбедност на САД. Тој, исто така, работел како советник за безбедност во голем број американски дипломатски мисии низ светот, вклучувајќи ги Ирак, Јордан, Кина, Казахстан и Ерменија.
Протерувањето на Горман дојде еден месец откако Вашингтон им нареди на руските дипломати вработени во руската амбасада во САД да ја напуштат земјата.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека причина за протерувањето на повеќе од 50 дипломати и нивните семејства е тоа што им истекле визите. Тогаш Москва овој потег го протолкува како протерување.