Во своето обраќање кон Украинците, Зеленски рече оти Донбас е целосно уништен и е претворен во пекол, а оти сето тоа нема и не може да има воено објаснување
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека го претворила источниот регион Донбас во пекол додека таму беснеат интензивни борби, јави Би-би-си.
Во своето ноќно обраќање кон Украинците, тој рече оти руските сили го срамниле регионот, а дека постојани удари има врз регионот Одеса и врз градовите во централна Украина.
„Донбас е целосно уништен“,
рече тој во своето обраќање.
Според неговите зборови, сето тоа нема и не може да има воено објаснување за Русија.
„Ова е намерен и криминален обид да се убијат што е можно повеќе Украинци. Уништете што е можно повеќе куќи, социјални објекти и претпријатија“,
рече украинскиот лидер.
Претходно во четвртокот украинското Министерство за одбрана ја обвини Русија дека ги интензивирала нападите во Донбас и ги спречувала цивилите да бегаат, наведува Би-би-си.