Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, рече дека во Меѓународниот центар за мир и безбедност во Јаворив работеле странски воени инструктори
Околу 180 странски платеници се убиени, а уништена е голема количина на странско оружје за време на руските воздушни напади врз тренинг центарот Јаворив, во близина на Лавов, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Портапролот на руското Министерство, Игор Конашенков, изјави дека руските сили ќе продолжат да ги елиминираат странските платеници кои доаѓаат да се борат во Украина, пренесе Тас.
Украинската страна порано денеска соопшти дека најмалку 35 лица загинале, а 134 се повредени во напад на руските сили на воената база Јаворив западно од Лавов.
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, рече дека во Меѓународниот центар за мир и безбедност во Јаворив работеле странски воени инструктори, пренесува Ројтерс.
Рускиот ракетен напад се случи утринава врз воена база западно од Лавов, на само 24 километри од границата со НАТО.