Ник Клег, потпретседател на Мета, кој е сопственик на Фејсбук, рече дека компанијата за социјални медиуми го одбила барањето на руските власти да престане да ги проверува фактите на четирите медиумски организации
Русија објави дека го ограничува пристапот до Фејсбук, обвинувајќи ја социјалната мрежа за „цензурирање“ на руските медиуми.
Државниот регулатор за комуникации Роскомнадзор соопшти дека Фејсбук ги игнорирал нивните барања за укинување на ограничувањата за четири руски медиуми на својата платформа – новинската агенција РИА, ТВ Звезда на Министерството за одбрана и веб-страниците gazeta.ru и lenta.ru.
Ник Клег, потпретседател на Мета, кој е сопственик на Фејсбук, рече дека компанијата за социјални медиуми го одбила барањето на руските власти да престане да ги проверува фактите на четирите медиумски организации.
Москва веќе неколку години се обидува да изврши построга контрола врз интернетот и големата технологија.
Сè уште не е јасно што ќе вклучуваат ограничувањата на Русија на Фејсбук. Москва претходно ја намали брзината на Твитер.