Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков претходно одби да коментира дали бранителите на челичарницата – кои сега се во руски притвор – ќе бидат третирани како воени затвореници или како воени злосторници
Русија побара од Врховниот суд да го прогласи украинскиот полкот Азов за терористичка организација.
Според руската новинска агенција Интерфакс, Министерството за правда во Москва соопштило дека судскиот случај „за прогласување на украинската паравоена националистичка група „Азов“ (други употребени имиња: баталјон „Азов“, полк „Азов“) како терористичка организација и забраната за нејзините активности на територијата на Руската Федерација е закажан за судење на 26 мај“.
The #Russian Justice Ministry has asked the Supreme Court to declare the "Azov" battalion a terrorist organization.
— NEXTA (@nexta_tv) May 17, 2022
Earlier, MP Slutskyy said that "#Azov" fighters deserved the death penalty. pic.twitter.com/f0c9MVXw7R
Ова се случува во момент кога украински борци, од кои многумина се припадници на на овој полк, се евакуирани од челичарницата Азовстал.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков претходно одби да коментира дали бранителите на челичарницата – кои сега се во руски притвор – ќе бидат третирани како воени затвореници или како воени злосторници.
Полкот Азов е формиран во 2014 година, веднаш откако Москва го анектираше јужниот украински полуостров Крим, за да се бори против руските сили и проруските бунтовници во источниот регион Донбас.
Некои борци од Азов првично имале врски со националистички и екстремно десничарски групи. Полкот подоцна беше вклучен во Националната гарда на Украина.