Државниот секретар на САД пред неколку дена изјави дека следната недела е клучна во преговорите и дека од тоа ќе зависи одлуката на САД дали ќе продолжат да посредуваат во напорите за ставање крај на војната
Американскиот државен секретар Марко Рубио предупреди дека САД ќе се повлечат како посредници во преговорите доколку Русија и Украина не достават конкретни предлози за прекин на војната.

Цитирајќи го Рубио, портпаролката на Стејт департментот, Теми Брус, рече дека е време двете страни да достават конкретни предлози за тоа како да се стави крај на конфликтот. Доколку не биде постигнат напредок, Соединетите Држави ќе се повлечат како посредници од овој процес.
Државниот секретар на САД пред неколку дена изјави дека следната недела е клучна во преговорите и дека од тоа ќе зависи одлуката на САД дали ќе продолжат да посредуваат во напорите за ставање крај на војната. Порача дека САД не можат да продолжат да одвојуваат време и ресурси ако Киев и Москва не постигнат договор.