Оставката на Земон доаѓа откако беше жестоко критикуван поради неговата изјава во поткаст дека Гоце Делчев не бил толку заслужна историска личност, поради што мораше да се извинува, тврдејќи дека бил погрешно разбра, а дополнително реакции во јавноста предизвика и неговата средба со Виктор Стојанов, претседател на бугарската фондација „Македонија“, кој во 2023 година доби забрана за влез во државава на неодредено време
Рубин Земон вечерва соопшти дека си поднесува оставка од член на Извршниот одбор на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), функција на која беше избран неодамна.

За одлуката тој информира преку објава на социјалните мрежи, во која вели дека сака да го заштити угледот на СДСМ од непринципиелните напади кон него и да не биде товар на партијата во нејзините напори за уривање на актуелната власт.
Оставката на Земон доаѓа откако беше жестоко критикуван поради неговата изјава во поткаст дека Гоце Делчев не бил толку заслужна историска личност, поради што мораше да се извинува, тврдејќи дека бил погрешно разбран Дополнително реакции во јавноста предизвика и неговата средба со Виктор Стојанов, претседател на бугарската фондација „Македонија“, кој во 2023 година доби забрана за влез во државава на неодредено време.
„Сакајќи да го заштитам угледот на СДСМ од непринципелните напади кон мене, а со тоа не бирајќи средства да го инволвираат и моето семејство, а со цел да не бидам товарт на борбата на партијата кон уривањето на оваа власт, поднесувам оставка од местото член на ИО на СДСМ“,
напиша попладнево Земон на својот фејсбук-профил.
Инаку, Земон за член на Извршниот одбор на СДСМ беше избран на крајот на 25 март годинава, во рамките на поширок избор на нови членови на раководните тела на партијата.
