Во Врање е дозволена вакцинација за граѓаните на Северна Македонија без претходно закажување. Сè што треба да сторат е да донесат важечка лична карта – пасош или лична карта, јави РТС.
Според српскиот јавен сервис, на вакцинирање во Врање доаѓаат лица од сите делови на Северна Македонија, а најмногу од Скопје и Куманово, како и цели семејства.
Во спортската сала во Врање од утрово вакцинирани се 353 лица, од кои 274 се државјани на Северна Македонија.
Во анкетата на РТС, македонските граѓани изјавија дека се дојденi фамилијарно и покрај закажаниот термин во Скопје, како и дека младите се уште не се повикани за вакцинирање.
„Денес имавме голема група и тие беа претежно млади луѓе, кои веројатно во својата земја вакцината би ја примиле многу подоцна. Сите се многу задоволни, среќни и благодарни“, изјави д-р Љиjана Антиќ, директор на Здравствениот дом во Врање.
Вчера РТС соопшти дека за време на викендот во Врање за вакцинација се пријавиле 753 македонски граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со вакцината на „Фајзер“.