Учесниците на самитот ЕУ-Западен Балкан воедно ја истакнаа потребата од продолжување на Берлинскиот процес
Учесниците на самитот Западен Балкан-ЕУ ја потврдија својата определба за спроведување на Заедничкиот регионален пазар (ЗРП), кој лидерите на шесте држави на Западен Балкан го усвоија на претходниот самит во Софија во ноември 2020 година.
Ова вечерва го соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС), по завршувањето на денешниот онлајн самит, чиј домаќин беше Германија, иницијатор на т.н. Берлински процес од 2014 година.
Лидерите на Западен Балкан ја повторија својата определност за што поскоро усвојување на спогодба за слободно движење со лични карти и спогодба за граѓаните од третии земји, пред следниот самит на ЕУ и Западен Балкан. Посебно внимание беше посветено на брзото усвојување на спогодбата за заемно признавање на академските и стручните квалификации со која ќе се олесни движењето на експертите ширум регионот.

„Минатата недела беше историски ден за регионот кога беа укинати границите и трошоците од мобилниот сообраќа во роамингот. Тоа навистина е пресвртница. Живееме во регион кој во исто време се намалува, се приближува, но понекогаш се оддалечува. Бесплатниот роаминг нека биде пресвртница на регионалната соработка, од поврзаноста без граници сите имаат полза“,
изјави генералната секретарка на РСС Мајлинда Брегу, зборувајќи на самитот.
Учесниците на самитот, седми по ред од 2014 година, усвоија заклучоци во кои освен потврдата за спроведување на Заедничкиот регионалне пазар, поставуваат и низа приоритети во различни области, вклучувајќи слобода на движење на стокките, дигитална трансформација, зелена програма, економски инвестициски план, одговор на пандемијата kovid- 19, безбедност, малокалибарско оружје и лесно оружје, миграции, помирување, исчезнати лица, интеграција на Ромите, младите и политиките поврзани со младите, стручни организации и граѓанското општество, образование, наука и истражување и развој, соопшти РСС.
Учесниците на самитот ЕУ-Западен Балкан воедно ја истакнаа потребата од продолжување на Берлинскиот процес.