Со пораката „Секој живот е важен“, од Советот потсетуваат дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи е клучен предуслов за безбедноста на патиштата
Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упати апел до сите учесници во сообраќајот за зголемено внимание и одговорност во пресрет на Велигден, кога традиционално се очекува зголемен интензитет на сообраќај, особено кон туристичките дестинации.

Со пораката „Секој живот е важен“, од Советот потсетуваат дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи е клучен предуслов за безбедноста на патиштата.
„Безбедноста не е индивидуална, туку заедничка одговорност – секоја правилна одлука значи спасен човечки живот“,
велат од Советот.
Во апелот се нагласува потребата од доследно почитување на сообраќајните правила, вклучително и ограничувањата на брзината и сигнализацијата, како и избегнување управување возило под дејство на алкохол.
Од Советот апелираат и на трпеливост, култура и етика во сообраќајот, задолжително користење сигурносен појас за сите патници, како и воздржување од користење мобилен телефон при возење.
„Секој учесник во сообраќајот има право на безбедно движење, но и обврска да придонесе кон истото. Да ги поминеме празниците безбедно, со внимание и почит кон сите во сообраќајот“,
вели во апелот на РСБСП.
