Според изјавата на германскиот министер, Бугарија е осамена во блокадата, а блокирањето тој го оцени како тешка грешка чија цена ќе се одрази брз безбедноста и на Западен Балкан и на Европа
Пред почетокот на денешниот министерски состанок во ЕУ, германскиот министер за Европа, Михаел Рот, рече дека билатералните барања на една земја го блокирале проширување на Унијата.
Според неговата изјава, Бугарија е осамена во блокадата.
„Ќе разговараме за проширувањето на ЕУ. За жал досега не успеавме да го исполниме напредокот за кој самите веќе се усогласивме. Во позадина стојат билатералните барања на една земја-членка кон која другите 26 не можеа да се приклучат“,
изјави Рот, пренесува „Дојче веле“ на македонски јазик.
Германија како претседавач со ЕУ, порача тој, ќе направи сè што може за да се најде компромис и да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија. Исто така и со Албанија, но по исполнување на некои дополни услови од оваа земја.
„Сè друго ќе биде тешка политичка грешка со цена по стабилноста и безбедноста на Западниот Балкан и тоа тешко ќе ја загрози и безбедноста на Европа. За тоа треба сите да бидат свесни“,
изјави Рот.