Според податоците објавени од здравствените власти од 20 до 26 септември, речиси 75 проценти од новозаразените и 92 проценти од починатите не биле вакцинирани
Романија ја има втората најниска стапка на вакцинација во Европската Унија, со само 34% од возрасните што се целосно вакцинирани
Романија вчера регистрира 12 032 нови заразени со коронавирусот, што е најмногу од почетокот на пандемијата.
Во последниот месец бројот на заразени лица во Романија се зголеми од 1 000 случаи дневно на рекордни повеќе од 12 000 вчера. Дури 1 364 пациенти со ковид-19 се на интензивна нега, што речиси ги наполни болничките капацитети во земјата.
Романија ја има втората најниска стапка на вакцинација во Европската Унија, со само 34 отсто од возрасните што се целосно вакцинирани.
Според податоците објавени од здравствените власти од 20 до 26 септември, речиси 75 проценти од новозаразените и 92 проценти од починатите не биле вакцинирани.
Романија, земја со 19 милиони жители, регистрира повеќе од 1,2 милион инфекции од почетокот на пандемијата, а 37 041 луѓе починаа.
