Aгенцијата, исто така, тврди дека Полска во вторникот им предложила на американските претставници да ја замени Русија во групата и дека добиле „позитивен одговор“
САД и другите западни земји размислуваат за потенцијално исклучување на Русија од Г20, објави Ројтерс, цитирајќи извори.
Aгенцијата, исто така, тврди дека Полска во вторникот им предложила на американските претставници да ја замени Русија во групата и дека добиле „позитивен одговор“.
Г-20 е групација на најголемите светски економии која има за цел да ги координира активностите за прашања кои влијаат на глобалната економија, вклучувајќи ги климатските промени и развојот.
Ваквиот притисок ќе ги додаде постојните економски санкции против Русија од Запад. Но, веројатно ќе биде ставено вето и од други клучни земји на Г20 – вклучувајќи ги Кина, Индија и Саудиска Арабија, сугерираат аналитичарите.
Како резултат на тоа, некои предвидуваат дека западните сојузници на Г7 наместо тоа би можеле да ги бојкотираат состаноците на Г20 оваа година – нешто за што Индонезија, актуелниот претседавач, наводно е предупредена. Џакарта одби да коментира за ова прашање.
На прашањето за тоа во вторникот, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан рече:
„Ние веруваме дека тоа не може да биде вообичаено за Русија во меѓународните институции и во меѓународната заедница“.
Русија, исто така, беше дел од Г7 – кој беше проширен на Г8 за да ја смести Москва во попријателски времиња. Но, беше исфрлена откако го анектираше Крим во 2014 година.
Западните земји утре ќе ги соопштат „новите посилни санкции кон Русија“, кои ги подготвуваат заедно со САД, соопшти денеска Белата куќа, пренесуваат американските медиуми.
Како што е порано најавено, американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе учествува на самитот на лидерите на ЕУ, а истиот ден во Брисел ќе се одржи и вонреден самит на НАТО, посветен на руската инвазија на Украина, на кој преку видео врска ќе учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.