Директорот на руската државна вселенска агенција, кому не му е првпат да се заканува со нуклеарно оружје, реагира на веста дека соседните земји одбиле да дозволат прелет преку нивна територија
Директорот на руската државна вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин, денеска реагираше на веста дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров нема да може да пристигне на планираната посета на Србија бидејќи соседните земји одбиле да му дозволат да лета над нивна територија.
Тој на Твитер напиша порака која предизвика голема бура во јавноста, но и сомнеж за можноста од ескалација на војната.
Вот чем хорош “Сармат”? Он у трусливых болгар, злопамятных румын и предавших нашу общую историю черногорцев согласие на пролёт спрашивать не будет. Равно как и у прочих шведов.
— РОГОЗИН (@Rogozin) June 5, 2022
„Што е тоа за што е добар ‘Сармат’? Нема да бара согласност од кукавичките Бугари, одмаздољубивите Романци и Црногорци, кои ја предадоа нашата заедничка историја, како и другите, Швеѓаните, за да лета“,
напиша Рогозин на Твитер, кој често се заканува со употреба на нуклеарно оружје.
„Сармат“ е, инаку, најсмртоносната руска ракета, која во светот е позната и како Сатана.
Претходно, министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, го обвини Западот дека стои зад оваа одлука на соседните земји на Србија, но на прашањето што ќе преземе Русија, тој рече: „ништо што може да ги наруши односите меѓу луѓето“.
РИА новости денеска објави дека Русија би можела да ги отповика амбасадорите на Црна Гора и Бугарија поради ситуацијата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави рускиот дипломат Сергеј Орџоникиџе.
С Македонија нема испратено амбасадор во Русија. Министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифинг на 1 март објави дека се одложува упатувањето на нашиот амбасадор Ненад Колев во Москва, а ден потоа и шефот на државата Стево Пендаровски потврди дека на Колев му е одложено заминувањето на амбасадорското место во Москва поради руско-украинската криза.