Европратеничката од Малта е прва жена на чело на ЕП по 2002 година, а влезе во историјата како најмлад претседател на оваа институција. Изборот на нов претседател на ЕП следува откако почина доскорешниот претседател Давид Сасоли

Роберта Мецола е избрана за наследничка на починатиот претседател на Европскиот парламент (ЕП), Давид Сасоли, а изборот се случи токму на нејзиниот роденден, пренесува „Зидојче цајтунг“, наведувајќи дека „историскиот избор е важен сигнал“.
Членовите на Европскиот парламент ја избраа 43-годишната Мецола за нова претседателка, при што Парламентот конечно на чело доби жена по 2002 година. Таа влегува во историјата и како најмладиот претседател на ЕП.
Пратеничката од Малта, која ја вршеше должноста претседателка на Европарламентот по смртта на Сасоли, е член на Европската народна партија (парламентарна група на христијанско-демократските и конзервативните политички движења).
Мецола важеше за водечки кандидат, но пречка за нејзината кандидатура беше различниот став на Малта во однос на абортусот во споредба со другите земји од ЕУ каде што е забранет.
Таа се смета за типичен европски политичар, за што сведочи нејзината политичка кариера, тесно поврзана со институциите на ЕУ. Отежнувачка околност е тоа што е од мала понова земја членка со само шест европратеници, што го ограничува нејзиното влијание врз нејзините конкуренти.