Анализата поврзана со возраста, исто така, покажа дека поголем ризик од миокардитис поврзан со мРНА вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ е присутен само кај оние помлади од 40 години

Заразата со коронавирус повеќе може да предизвика ретки кардиоваскуларни компликации како што се воспаление на срцето и неправилна работа на срцето отколку вакцините, покажа британска студија чии резултати се објавен денеска, откако научниците ги анализираа податоците од околу 38 милиони луѓе вакцинирани против ковид-19.
Студијата, објавена во списанието „Нејчр Медисин“ (Nature Medicine), а предводена од научници од Универзитетот во Оксфорд, ги споредува ризиците од миокардитис, перикардитис и срцева аритмија по првата и втората доза на „Астра Зенека“/„Оксфорд“, „Фајзер“/„Бионтек“ и „Модерна“ со оние кај лица заразени со ковид.
Студијата покажала зголемен ризик од миокардитис по првите дози на „Астра Зенека“ и „Фајзер“ и по двете дози на „Модерна“, но ризикот бил многу поголем кај лицата инфицирани со ковид.
Заклучоците научниците ги донеле со проценка на стапката на хоспитализација или смртност во рок од 28 дена од вакцинацијата или позитивен ПЦР тест за лица над 16 години и вакцинирани меѓу 1 декември 2020 и 24 август 2021 година.
„Проценивме меѓу 1 и 10 дополнителни случаи на миокардитис на милион луѓе вакцинирани со првата или втората доза, но 40 дополнителни случаи на милион луѓе заразени со ковид-19“,
вели Џулија Хиписли-Кокс, професорка и водач на студијата во Оксфорд.
Анализата поврзана со возраста, исто така, покажа дека поголем ризик од миокардитис поврзан со мРНА вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ е присутен само кај оние помлади од 40 години.
Оваа опсервација за проблеми со срцето, вели докторот Питер Инглиш (пензиониран консултант за контрола на заразни болести), не е нова информација, но ова солидно научно цврсто истражување кое го поддржува и потврдува тоа.