Во моментов во болницата во Гевгелија хоспитализирани се само две бебиња, поради возраста, а околу 20 деца се на терапија, но истите не се задржани во болница
Вкупно 50 деца и бебиња од Гевгелија во изминатиов месец побарале лекарска помош во локалната општа болница. Како што информира Министерството за здравство, симптомите на респираторната инфекција не се типични за овој период од годината.
Во текот на утрешниот ден тим од Клиниката за педијатрија, во состав д-р Аспазија Софијанова, д-р Весна Мицевска и д-р Валентина Јовановска Огненовиќ ќе бидат упатени во општата болница во Гевгелија, за поддршка на педијатрите и евентуални дополнителни испитувања во делот на специфична дијагностика.
„Во моментов во болницата во Гевгелија хопситализирани се само две бебиња, поради возраста, а околу 20 деца се на терапија, но истите не се задржани во болница. Општата болница во Гевгелија досега ги има преземено сите здравствени протоколи за третман на младите пациенти, но поради неспицифичноста на самите инфекции кои се појавиле во топлиот период, а карактеристични се за есен и зима, потребни се дополнителни анализи и по завршувањето на истите јавноста ќе биде информирана“,
информираат од Министерството за здравство.