Во однос на добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ, Османи вели дека во овие моменти треба да бидеме сензитивни по прашањето на Украина, каде цивили страдаат од агресијата која што се случува, и тоа го има приоритетот на светското внимание, но потенцира дека мора да се води грижа и за ранливите точки на континентот како што е Западниот Балкан
Оптимизмот и од Скопје и од Софија се должи на позитивната атмосфера која ја создадовме последните месеци преку континуирани средби на политичко ниво. Волјата е тука, динамиката е тука, предлози има на маса. Решение ќе има кога ќе има решенија за сите аспекти, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи одговорајќи на новинарско прашање, по средбата со сојузната министерка за ЕУ и уставни прашања на Република Австрија, Каролине Едштадлер.

Прашан на што се должи позитивната атмосфера меѓу Скопје и Софија, Османи потенцираше дека се должи најмногу на континуираните средби на политичко ниво, меѓутоа и интензивните средби на секторските работни групи.
„Оптимизмот се должи на интензивните средби на секторските работни групи, кои секоја недела со една позитивна волја и со вложеност произведуваат резултати. Бројни меморандуми кои ги набројав на последната средбаа, договори, конкретни проекти кои на некој начин ја враќаат довербата меѓу двете влади, а се надевам и двете општества, додаде министерот. Размената на идеи, искреноста во пристапот. Забележувате дека нема првокации помеѓу двете страни кои се испраќаат преку посредни канали, туку сето тоа што го имаме како став го кажуваме најпријателски и најотоврено на маса, и се обидуваме да најдеме достоинствено решение, кое на крај треба да ги остави и двете страни или подеднакво задоволни или подеднакво незадоволни“,
рече Османи.
За решение рече ќе има, кога ќе се договорат сите аспекти.
„Сеопфатно решение, кое во еден момент ќе ги реши сите аспекти од проблемот. Се додека имаме разлика за еден елемент од целиот пакет, не можам да кажам дека имаме решение за целиот пакет. Меѓутоа динамиката, волјата и пристапот даваат надеж. Дали ќе има решение, не може никој да потврди во моментот“,
додаде Османи.
Во однос на работата на историската комисија, министерот рече дека последниот состанок во Софија беше еден од најконструктивните во последните месеци и последните средби на Комсијата, во кои се постигнати одредени резултати.
Министерката Едштадлер потенцираше дека нејзиниот оптимизам во однос на Скопје-Софија постои по последната средба во Софија, каде водела разговори со многу министри, но и со премиерот. Како што рече, имала позитивен впечаток од премиерот на Бугарија дека сака да го стори она што е неопходно.

„На почетокот на февруари бев во Софија, водев разговори со многу министри, меѓудругото и со премиерот, и тоа ми остави позитивен впечаток. А особено имав позитивен впечаток од премиерот дека тој сака сега да го стори тоа што е неопходно и во врска со оваа цезура што ја доживеавме во Европа, поради Украина, тоа е сега особено важно. Затоа треба да останеме доследни на оваа идеја“,
рече Едштадлер.
„Ние бараме брз пристап, брза меѓуладина конференција, се надеваме дека тоа ќе се случи уште по француското претседателство“,
нагласи Едштадлер додавајќи дека напредокот што го постигна Северна Македонија и покрај некои чекори назад е огромен во однос на јавната администрација, правдата и борбата против корупцијата.
Упати порака до граѓаните на Северна Македонија да не ја загубат довербата во ЕУ.
Како Европска Унија, таа рече дека ќе се обидат да го поддржат овој процес што е можно подобро. Посочи дека Австрија секогаш имала големо разбирање за Западен Балкан, го поддржува, и се надева дека ова е последниот разговор пред Меѓувладината кофнеренција и дека после ќе можат да преминат да рагзовараат на поединечните теми во рамките на процесот на пристапување.
Украина е во фокусот, но да не се занемари Западен Балкан
Новиот геополитички контекст по руската агресија во Украина само ги потврди нашите континуирани аргументи дека прашањето за проширувањето е пред се безбедносно прашање за регионот, рече Османи.
„Потребата за консолидација на Европската Унија со овој дел од Европа кој е опкружен со земји членки, а не е дел од Европската Унија е исклучително важно за самата Европска Унија. Оттука, ние сметаме дека членството на регионот, но на Северна Македонија пред се, е од додадена безбедносна, политичка и економска вредност за самата ЕУ“,
рече Османи.
Тој вели дека во овие моменти треба да бидеме сензитивни по прашањето на Украина, каде цивили страдаат од агресијата која што се случува, и тоа го има приоритетот на светското внимание, но потенцира дека мора да се води грижа и за ранливите точки на континентот како што е Западниот Балкан.
„Сметам дека не се менува интензитетот на нашата желба за членство во ЕУ, но свесноста верувам на соседите па и на земјите членки дека ова е важно не само за нас, туку е важно и за Европската Унија од безбедносен, политички и економски аспект“,
рече Османи.