Проблемот со ненавременото добивање на повратна порака за влез во апликацијата за попишување е надминат, велат од Државниот завод за статистика во соопштение до јавноста.
„Државниот завод за статистика секојдневно го следи процесот и е во постојана комуникација со македонските иселеници. Проблемот со ненавременото добивање на повратна порака за влез во апликацијата е надминат и апликацијата беспрекорно фунцкионира. Самопопишувањето за едно лице трае само 10 минути и воопшто не е сложено. Ги охрабруваме и мотивираме иселениците да одвојат кусо време и да се самопопишат“,
се вели во соопштението на Државниот завод за статистика во соопштение до јавноста.
Од Државниот завод за статистика информираат дека бројот на попишани расте во првата седмица од оваа статистичка операција се попишани 32 752 лица од дијаспората. Иселениците можат да се самопопишат до 21 април.