Сите играчи и членови на стручниот штаб на фудбалскиот клуб од тетовското село Џепчиште „Ренова“ имаат негативен резултат на ковид-19 на второт тестирање, соопштуваат од клубот.
На 31 мај од овој клуб објавија дека имаат четворица играчи позитивни на ковид-19.
„Најважно за нашиот тим е што ја поминавме кризата со ковид-19, бидејќи неколку играчи беа позитивни на вирусот. Сега сите го поминаа тоа без последици. За в четврток е планирана прозивка на играчите и започнување со тренинзи“, изјави Бујар Исљами, шеф на стручниот штаб на фудбалскиот клуб.
Покрај „Ренова“ и фудбалскиот клуб „Шкендија“ објави дека во своите едови има позитивни на ковид-19.
