Нема ништо конкретно како материјален доказ за да може да послужи во аргументацијата на дел од работите што провејуваат во јавноста, вели пратеничката Фросина Ременски при нејзиното гостување во „Утрински брифинг“ за случајот „Рекет“, кој се однесува на работата на „Меѓународниот сојуз“ каде што таа е обвинета за помагање на делото измама.
„Верувам дека таму на површина ќе излезат многу други апсурди, имајќи предвид дека Русковска како да ја запоседна работата на организиран криминал, како да нема други јавни обвинители, па можеби ќе може да и помогне нејзиниот колега Наум Пановски, кој веќе има постапувано по истиот предмет. Претставува и преседан реотворањето на некои постапки што веќе се завршени“,
рече Ременски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“
Таа го коментираше и целокупниот случај „Рекет“ каде што, покрај предметот со „Меѓународен сојуз“ е и првото обвинение кое се однесува и на рекетирање пари од бизнисменот Орце Камчев, кој е осомничен во „Империја.
Повеќе ми личи на операција, вели Ременски, со специјална војна која манипулира со информации во однос на креирање општи индиции, отколку во процес во кој ќе се соберат информации за да се поткрепи тоа.
„Целокупниот процес ми личи дека имаме судење за убиство без леш. Не се одговора на клучното прашање, каде се парите“, вели рече Ременски.