Просечната температура во градот Онслоу во овој период од годината изнесува 36,5 Целзиусови степени, а денеска е забележан рекорд од 50,7 степени кои биле рекордни и пред точно 60 години, во 1962 година
Во Австралија денеска е регистрираната рекордно висока температура од 50,7 Целзиусови степени кои беа измерени на западниот брег, во градот Онслоу.
Како што јавува Би-би-си, со ова е израмнет рекордот од пред точно 60 години односно од 1962 година, кога во јужниот дел на Австралија биле измерени 50,7 степени.
Локалната метеоролошка служба потврди дека Онслоу го израмнил рекордот во 14:26 часот по локално време. Просечната температура во градот во овој период од годината изнесува 36,5 Целзиусови степени.
Два други града, Марди и Роборн, вчера исто така пријавија температури од над 50 степени, изјави Лук Хантингтон од Службата.
Според метеоролозите, температурите утре дополнително ќе растат, а во наредните денови се очекува „заладување“.