Вообичаената практика е информацијата за квалитетот на водите кои велешани ги користат за рекреација да се објавуваат во месец јули, а годинава таа информација е проследена дури сега, кон крајот на август

Реките Тополка и Бабуна во долниот тек, не се ниту за капење, ниту за рекреација, објави СДК, по одговор добиен од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Велес.
„После месноста Пешти водата во Бабуна не е за капење. Таа е со загаденост по микрибиолошки индикатори и со присуство на амонијак во трета категорија. Ова јасно кажува дека населбата која таму се изгради директно влијае на квалитетот на водата, во отсуство на систем за собирање на отпадни води, канализација. Слична е состојбата и со реката Тополка. Со години таму после т. н. индустриски дел, после ‘Порцеланка’, таа не е за капење, водата е загадена“,
изјавила Снежана Петрова од Центарот за јавно здравје Велес.
Вообичаената практика, како што пишува СДК, е информацијата за квалитетот на водите кои велешани ги користат за рекреација да се објавуваат во месец јули, а годинава таа информација е проследена дури сега, кон крајот на август.
ЦЈЗ Велес за состојбата со водата во реките Бабуна и Тополка ги информирале надлежните од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.