Пожарот избувна доцна синоќа околу 22.50 часот при што според соопштението од АД ЕЛЕМ се запалил изолатор на трансформаторот на блок 3 во РЕК Битола. Тој брзо бил изгаснат и нема повредени
Телма вчера повикувајќи се на неименувани извори во надлежните институции објави дека поради пожарот и воспоставените безбедносни процедури цел РЕК Битола е надвор од производствениот процес и не произведува струја
ЕК „Битола“, македонскиот енергетски стожер, веќе произведува струја по синоќешниот пожар кога од производство беа исклучени двата блока со кои работеше. Во погон е блокот 1, а истражни органи и стручни лица од РЕК испитуваат како дошло до пожарот, објави порталот СДК.мк.
Пожарот избувна доцна синоќа околу 22.50 часот при што според соопштението од АД ЕЛЕМ се запалил изолатор на трансформаторот на блок 3 во РЕК Битола. Тој брзо бил изгаснат и нема повредени.
Од компанијата информираат дека пожарот избил во еден од двата блока што биле во функција.
Телма вчера повикувајќи се на неименувани извори во надлежните институции објави дека поради пожарот и воспоставените безбедносни процедури цел РЕК Битола е надвор од производствениот процес и не произведува струја. Додека да се подигне производството, Македонија преку МЕПСО продолжува со преземање на струја од европската енергетска мрежа, што потоа ќе треба да се надополни од државниот буџет.
РЕК Битола обезбедува околу 70 проценти од потребите за енергија на граѓаните и домаќинствата во државата.