Конечната одлука се очекува наредната недела
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска има подготвителна седница на која се разгледува предлог-одлуката за укинување на лиценцата за производство на топлинска енергија на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ).
„Се очекува следната недела да се закаже главна седница на која ќе бидат донесени конечни одлуки за одземање на лиценцата за производство на топлинска енергија на ‘Балкан енерџи груп’“,
изјави за МИА Марина Узунов, портпаролка на РКЕ.
Можноста за одземање на лиценцата на БЕГ минатата недела ја најави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, но порача дека тоа нема да се одрази на граѓаните во однос на парното греење.