Оваа корекција Регуалторната комисија ја направи откако на владина седница се донесе одлука од утре ДДВ за горивата наместо 10 да биде 18 отсто, а повеќе нема да се намалува ниту акцизата која со владините мерки во зависност од светските берзи паѓаше за 1 до 3 денари.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која изврши усогласување со законските прописи кои ќе бидат во сила од полноќ, со што малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 7,96 проценти.
Како што соопштија од Регулаторна, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 9,00 денари за литар, додека на безоловниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 9,50 денари за литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 9,00 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува иста.
Од 1.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 -104,00 (денари/литар), моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 106,50 (денари/литар), дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 95,00 (денари/литар), масло за горење Екстра лесно1(ЕЛ-1) – 93,00 (денари/литар) и Мазут М-1 НС – 54,640 (денари/килограм).
Оваа корекција Регуалторната комисија ја направи откако на владина седница се донесе одлука од утре ДДВ за горивата наместо 10 да биде 18 отсто, а повеќе нема да се намалува ниту акцизата која со владините мерки во зависност од светските берзи паѓаше за 1 до 3 денари.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, како и курсот на денарот во однос на доларот, се наведува во соопштението на Регулаторна, во денешната пресметка (31.05.2022), се исти со претходната пресметка од 30.05.2022, односно во денешната пресметка извршена е промена само на акцизите и данокот на додадена вредност, дефинирани со прописите за акцизи и данокот на додадена вредност.
Од Регулаторната комисија напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.