Активен е пожарот кај селото Радобил во Општина Прилеп каде гори ниска вегетација и шума. Кај селата Дебреште и Зубовце во Општина Врапчиште гори ниска вегетација. Активни се и пожарите кај селото Волино во Општина Охрид и кај селото Оризари во Општина Липково

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска до 18:15 часот на територијата на целата држава се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, четири се под контрола и четири се изгаснати.
Активен е пожарот кај селото Радобил во Општина Прилеп каде гори ниска вегетација и шума. Кај селата Дебреште и Зубовце во Општина Врапчиште гори ниска вегетација. Активни се и пожарите кај селото Волино во Општина Охрид и кај селото Оризари во Општина Липково. И таму гори ниска вегетација.
Под контрола се пожарите во „Јасен“ на територија на Општина Македонски Брод, кај селото Корошишта во Општина Струга, на планината Кожув во Општина Гевгелија и кај селото Кондово во Општина Сарај.
Изгаснати се пожари во општините Долнени, Куманово, Конче и Кочани.