Под контрола се два пожари во Македонски Брод, од кои едниот кај селото Грешница, а другиот кај селото Латово, потоа во Карбинци кај селото Јунузлија и во Петровец кај селото Средно Коњаре кај реката Пчиња
Вкупно 51 пожар на отворено се регистрирани во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, од кои осум се активни, седум се под контрола, а 36 се изгаснати, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите на следните локации:
- На тромеѓето меѓу општините Василево, Радовиш и Берово кај селото Нивичино на планината Голем Готен и Малешевските планини;
- Општина Прилеп кај селото Бешиште – крак кон селото Градешница и крак кон границата со Р Грција;
- Прилеп и Кавадарци меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен и Галиште и Трстеник;
- Општина Желино меѓу селата Церово и Групчин;
- Општина Крива Паланка кај селото Нерав;
- Општина Кичево кај селото Горно Црско;
- Општина Македонска Каменица кај селото Ќосевица.
Под контрола се два пожари во Македонски Брод, од кои едниот кај селото Грешница, а другиот кај селото Латово, потоа во Карбинци кај селото Јунузлија и во Петровец кај селото Средно Коњаре кај реката Пчиња.
Изгаснати се 36 пожари во општините Шуто Оризари, Арачиново, Сарај, Зелениково, Битола, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Струмица, Василево, Гевгелија, Охрид, Струга, Кичево, Македонски Брод, Велес, Свети Николе, Пробиштип, Куманово, Липково, Брвеница, Боговиње, Гостивар и Врапчиште.