Вечерва се почувствувани два послаби земјотреси во земјава, со епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга, односно 11 километри североисточно од Охрид.
Според сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, првиот земјотрес бил почувствуван во 21:07 часот со јачина од ML2.5 по Рихтер и вториот во 21:26 часот со Рихтерова магнитуда ML2.6.
Земјотресите биле почувствувани и во Ресен и Струга.