Властите дозволија слободно движење само за Велигден и за Рамазан Бајрам, па синоќа православните верници имаа можност Христовото воскресение да го прослават пред црквите и храмовите
Во текот на изминатото деноноќие, меѓу 1 и 2 мај, на територијата на државава по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 436 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид – 19.
По вчерашното „ослободување“, денеска во земјава се враќа полицискиот час, со почеток од 21 часот, па до 05 часот изутрина.

Полицискиот час нема да важи и за празникот Рамазан, ноќта меѓу 13 и 14 мај.
Властите дозволија слободно движење само за верските празници Велигден и Рамазан Бајрам, па синоќа православните верници имаа можност Христовото воскресение да го прослават со кршење велигденски јајца на полноќ пред црквите и храмовите.

Според последната одлука на Владата, овие рестрикции ќе бидат на сила до 15 мај, а потоа, како што најавија здравствените власти, согласно анализите од епидемиолошката состојба во земјава, ќе одлучуваат за нови мерки. Ако ситуацијата дозволува, ќе има нови поблаги мерки.
