Анкетата покажува и дека испитаниците се поделени околу тоа дали приоритет треба да биде заштитата на животната средина или развојот на нови извори на енергија – з50 отсто од испитаниците приоритет би и дале на животната средина, а 46 отсто на производството на енергија
Речиси половина (47 отсто) од Американците стравуваат дека енергијата може да стане премногу скапа или недостапна, а 44 отсто велат дека енергетската ситуација е многу сериозна, како што беше за време на нафтената криза во 1970-те, покажа истражувањето на „Галуп“ спроведено ов 1 до 18 март годинава.
Во периодот кога е спроведено истражување, цената на бензинот во САД достигна рекордно високо ниво од повеќе од четири долари за галон (3,7 литри) во просек.
За споредба, во истиот период лани вакви стравувања за цените имале 37 отсто од испитаниците, а во 2020 година само 22 отсто од нив.
Анкетата од минатиот месец покажува и дека испитаниците се поделени околу тоа дали приоритет треба да биде заштитата на животната средина или развојот на нови извори на енергија – з50 отсто од испитаниците приоритет би и дале на животната средина, а 46 отсто на производството на енергија.
Во однос на енергетската политика на претседателот Џо Бајден, поддршка дале 38 отсто, додека за два отсто е помал бројот на оние кои ја поддржуваат неговата економска политика.
Photo: EPA-EFE/JUSTIN LANE