Светската здравствена организација (СЗО) објави дека вчера 799.712 нови случаи на коронавирус се потврдени во светот со што вкупниот број случаи од почетокот на пандемијата надмина 87.5 милиони заразени.
Според СЗО, повеќе од 15.400 луѓе починале од вирусот во изминатите 24 часа, а вкупно над 1,9 милиони луѓе починале од почетокот на пандемијата. Најмногу заразени – повеќе од 55 проценти се во Северна и Јужна Америка, а потоа во Европа и Африка.