Националниот синдикат на рудари (НУМ) соопшти дека добил извештај за инцидентот за кој рече дека се случил во четвртокот околу 22 часот
Јужноафриканската рударска компанија „Сибање-Стилвотер“ денес соопшти дека е во тек операција за спасување на 289 рудари заробени под земја во нејзиниот рудник за злато „Клоф“ во близина на Јоханесбург.

„Можеме да потврдиме дека имавме инцидент во шахтата ‘Клоф 7’ и моментално спроведуваме процедури за обезбедување на областа и испитување на шахтата, по што ќе ги извлечеме вработените на површина“,
изјави портпаролот на компанијата.
Портпаролот додаде дека сите вработени се безбедни и здрави и дека компанијата е во процес на доставување храна до нив.
„Очекуваме ситуацијата да биде решена до денес напладне“,
изјави тој.
Националниот синдикат на рудари (НУМ) претходно соопшти дека добил извештај за инцидентот за кој рече дека се случил во четвртокот околу 22 часот.