Секретаријатот за труд објави дека се проценува оти околу 87 милијарди американски долари бенефиции за невработеност се исплатени неправилно, при што значителен дел се припишува на измама
Има повеќе од 900 активни криминални истраги за измами поврзани со пандемијата, во секоја држава, а досега се уапсени 100 лица
Речиси 100 милијарди долари се украдени од програмата за државна помош за ковид во САД, формирана за да им помогне на компаниите и луѓето кои останаа без работа поради пандемијата, објави американската тајна служба.
Проценката се заснова на случаи анализирани од службата, податоци од Секретаријатот за труд и администрацијата за мали бизниси, соопшти Рој Дотсон, национален координатор на агенцијата за откривање измами за време на пандемијата, пренесува Гласот на Америка.
Во извештајот не се споменати случаи на измама поради пандемија што ги следи Секретаријатот за правда.
Додека приближно три проценти од помошта од 3,4 трилиони долари се поделени без основа, украдената сума од програмата за помош на погодените од пандемијата се оценува како „примамлива за криминалците“, вели Дотсон.

Поголемиот дел од таа сума е проневерена по основа на невработеност. Секретаријатот за труд објави дека се проценува оти околу 87 милијарди американски долари бенефиции за невработеност се исплатени неправилно, при што значителен дел се припишува на измама.
Тајната служба соопшти дека запленила повеќе од 1,2 милијарди американски долари додека истражувала осигурување за невработеност и кредитна измама и вратила повеќе од 2,3 милијарди американски долари од средства стекнати со измама.
Исто така, се наведува дека има повеќе од 900 активни криминални истраги за измами поврзани со пандемијата, во секоја држава, а досега се уапсени 100 лица.

Министерството за правда минатата недела соопшти дека неговиот оддел за измама гони повеќе од 150 обвинети во повеќе од 95 кривични случаи и заплени повеќе од 75 милиони долари во готовина добиени од лажни средства од Програмата за заштита на платите, како и бројни имоти и луксузни предмети купени со овие средства.
На почетокот на пандемијата, органите за спроведување на законот се фокусираа на измама со лична заштитна опрема, а властите сега дадоа приоритет на искористување на помошта за пандемијата, бидејќи федералното финансирање го привлече вниманието на поединци и мрежите на организиран криминал ширум светот.
„Можеме ли да ја запреме измамата? Не, но мислам дека дефинитивно можеме да ги гониме оние кои треба да бидат кривично гонети и можеме да дадеме се од себе за да вратиме што е можно повеќе злоупотребени средства за пандемијата“,
рече Дотсон, кој е помошник специјален агент во тајната служба задолжена за теренската канцеларија на агенцијата во Џексонвил, Флорида.