Во текот на изминатото деноноќие полицијата изрекла 983 казни за неносење маска.
„Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19“,
велат од МВР.
Носењето заштитна маска засега е задолжително на затворен простор и на отворено доколку нема простор да се држи физичка дистанца. Со законските измени кои треба да ги донесе Собранието, маските треба да станат задолжителни и на отворено.