Според министерката за финансии, клучните проекции, БДП и инфлацијата остануваат исти
Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно в четврток, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Според неа, клучните проекции, БДП и инфлацијата остануваат исти.
„Генерално остануваме на истите бројки што ги имавме од аспект на бруто-домашен производ инфлација“,
кажа таа.
На почетокот на месецот, министерката рече дека ребалансот треба да влезе во собраниска процедура најдоцна до 25 јуни.